Tuesday, October 1, 2013

Европски ден на јазиците 2013


 Прослава на Европскиот ден на јазиците



            На 26.09.2013, по повод Европскиот ден на јазиците, ОУ "Кирил и Методиј", Стајковци организираше музички хепенинг под мотото "Патуваме на крилјата на музиката" во соработка со училишта од општина Гази Баба и тоа Наум Охридски- Булачани и Црешево, Крум Тошев- Трубарево и Вера Јоциќ. Учесниците настапија со песни на француски, англиски, германски, албански и македонски јазик. Потоа гостите меѓу кои беа Аташето на Франција, Директорот на Францускиот Институт, просветен испектор од општината, директори на училишта, родители, беа поканети на дегустација на специјалитети од истоимените држави, кои беа подготвени од страна на родителите и учениците.