“Ако му зборуваш на човека на јазик кој го разбира ќе
стигнеш до неговиот ум; aко му зборуваш на мајчиниот јазик ќе стигнеш до
неговото срце” - рекол Нелсон Мендела.
На 29 септември 2015, учениците
од ООУ “Кирил и Методиј”, Стајковци и Страчинци пееја и комуницираа на 6 различни
јазици, прославувајќи ја лингвистичката и културна разноликост.
Песни, традиционални
и модерни танци, рецитали, драматизации на македонски, албански, француски,
англиски, германски и словачки јазик, беа дел од нашата манифестација за
одбележување на Европскиот ден на јазиците. Нашето училиште го прославува овој ден секоја година.
Оваа година манифестацијата се одржа во спортскиот центар Вембли, во близина на
училиштето и беше посетена од страна на голем број видни гости.