Friday, October 30, 2015
Патување на француската книга
На 10.09.2015г. беше одржана манифестација "Патување на француската книга", организирана од страна на Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје и Францускиот Институт во Скопје, во рамки на регионалната турнеја на францускиот театар "Ларденоа" со "Камион со приказни".
Беа организирани забавно- едукативни активности на француски јазик, на кои учествуваа осум ученици од VIIодд, од ООУ "Кирил и Методиј" - Стајковци.
Учениците ги посетија литературните катчиња, учествуваа во книжевна работилница, како и на креативниот натпревар "Симболи на Франција", на кој ученикот А.М. освои прво место и доби признаница и награди од Францускиот Институт и Француската телевизија TV 5 monde.