Thursday, April 13, 2017
Франкофонија 2017
Традиционално одбележување на Франкофонијата. Оваа година домаќин на настанот беше ООУ „Живко Брајковски“ и учествуваа 15 скопски училишта.
Учениците од шесто и деветто одделение од ООУ „Кирил и Методиј“, Стајковци ги презентираа своите активности на етвининг проектите “C’est parti” и “Mon jardin, ton jardin, nos jardins europeens et extra europeens aussi” како успешен пример на интернационална соработка преку францускиот јазик. А учениците од ООУ „Наум Охридски“, Булачани своите креативни хартиени изработки ги поделија на гостите и учесниците на настанот за спомен на заедничкото дружење и францускиот јазик кој не поврзува.