Идејата за прославување на 26 септември - Европскиот ден на јазиците, е иницирана од страна на Советот во Европа во 2001 год. Целта е да се поттикне изучување на јазиците, да се зголеми повеќејазичноста, меѓукултурното комуницирање и разбирање, да се промовира богатиот јазичен и културен диверзитет во Европа.
Традицијата продолжува...
Европскиот ден на јазиците го прославивме и оваа година со интегрирани точки на повеќе јазици кои беа дел од приредбата организирана во ОУ "Кирил и Методиј" Стајковци.
26.09.2014