Friday, October 2, 2015

Франкофонија 2015


Секоја година, на 20 март се слави меѓународниот ден на франкофонијата. 220 милиони франкофони на 5 континенти го слават јазикот и различностите на франкофонијата.  Во рамките на меѓународната франкофонска организација, чиј член е и Македонија од 2006 година, оваа година франкофонијата се слави под мотото – Во срцето ми е мојата планета. 


На 20 март 2015г, пет училишта од општина Гази Баба, меѓу кои ООУ “Кирил и Методиј” -Стајковци, ООУ “Наум Охридски” и три училишта од општина Аеродром, , чии ученици и професори по француски јазик, инспирирани од три теми- екологија, спорт и франкофонија, во ООУ “Дане Крапчев”, ја организираа приредбата “3 во 1 – Креативност, актуелност, инспирација”. Учениците пееја, танцуваа и изработуваа креации од материјали за рециклирање.