И оваа година ја одбележавме франкофонијата со заедничка приредба на повеќе скопски училишта.
Ученичките од ООУ "Кирил и Методиј"- Стајковци настапија со песната "La Seine" од Vanessa Paradis, збогатена со прекрасната кореографија на ученичките од ООУ "Наум Охридски"- Црешево.
На франкофонската вечер "Chantons en français" која се одржа во ООУ "Лазо Ангеловски" на 15.04.2016 присуствуваа родители, ученици, директори, претставник од МОН, советникот по француски од БРО, претседателот на ЗПФРМ...