Thursday, May 26, 2016

eTwinning проект "Messages de Paques"



eTwinning претставува бесплатна и безбедна образовна платформа која овозможува поврзување, комуникација и соработка на виртуелни, интернационални проекти. 

Проектот "Messages de Pâques" со акцент на велигденските традиции беше реализиран преку разновидни забавни и едукативни активности и имаше за цел:
   - подобрување на усното разбирање и изразување преку комуникација на видеоконференции, кратки филмови, квизови
   - подобрување на писменото разбирање и изразување преку читање, креирање текстови, презентации, списание, игри, пораки на Twinspace, размена на честитки
   - запознавање со икт алатки
   - запознавање со други земји и култури како и промовирање на својата
   - создавање интернационални партнерства

На 19.05.2016 се одржа промоција на проектот. 


На 22.08.2016 проектот беше награден со Национален знак за квалитет (eTwinning Quality Label).


Повеќе информации за проектот, на веб-страницата на проектот, како и на сајтот на Franc-parler: